Брестовац го напушти Тиквеш и седна на клупата на репрезентацијата на ОАЕ

Поранешниот македонски селектор Данило Брестовац ја напушти клупата на македонскиот суперлигаш Тиквеш, откако договори соработка во продолжение да го води националниот тим на Обединтетите Арапски Емирати.

Данило Брестовац е веќе пристигнат во Дубаи каде во текот на утрешниот ден ќе биде промовиран во нов селектор на машката репрезентација на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Ова ќе биде негов втор ангажман на Блискиот Исток, откако во сезоната 2021/22 го водеше тимот на Ал Мадар од Саудиска Арабија.

Се вчитува...