Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ шампионатот во Скопје

Селекторот на младинската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави поширокиот списокот од 24 ракометари кои ги повика на првиот собир од подготовките за настап на ЕХФ Шампионатот 2018 што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првиот собир ќе се одржи во среда (4 јули 2018) со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Македонско Сонце“ во Скопје. Според планот за подготовки, во Скопје ќе се тренира до сабота, кога селекцијата ќе замине за Маврово каде ќе продолжи со тренинзите до 13 јуlи. Последната фаза од подготовките повторно ќе се одвива во Скопје, а за тој период планирана е и една подготвителна средба. Првиот натпревар на ЕХФ Шампионатот, Македонија ќе го одигра на 20 јули против Велика Британија.

На ЕХФ Шампионатот во Скопје, Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија. По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Список на повикани ракометари:

Виктор Василевски, Андреј Петковски, Матеј Петковски, Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Иван Димитровски, Глигор Гајиќ, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Стефан Атанасовски, Филип Андонов, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Андреј Митиќ

Се вчитува...