Брестовац избра 16 кадети за ЕХФ-шампионатот

Данило Брестовац направи одличен резултат со младинската селекција, освојувајќи го првото место на шампионатот во Скопје, но сега пред младиот стратег е нов предизвик – предводење на кадетската репрезентација на ЕХФ-шампионатот што од крајот на оваа седмица ќе се одржи во Грузија.

По последната фаза од подготовките мината во Маврово, Брестовац го објави и списокот од 16 ракометари кои ќе ги бранат боите на Македонија на овој шампионат.

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј), Виктор Василевски (Металург 2)
Леви крила:  Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2)
Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга)
Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар)
Средни бекови: Мартин Карапалески (Вардар Ј), Бобан Каковски (Работник), Дејан Џигероски (КЛ7)
Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец)
Пикери: Кристијан Симоноски (КЛ7), Кристијан Анѓелковски (Вардар Ј), Андреј Митиќ (Металург 2)

Македонија е дел од групата А и за ривали ќе ги има селекциите на Луксембург, Литванија, Швајцарија, Естонија и Фарските острови. Двете најдобри селекцииод групата одат понатаму во полуфиналето, а само победникот на ЕХФ шампионатот обезбедува промоција на наредното Европско Првенство.

„Црвено-жолтите“ својот настап на овој шампионат го стартуваат в петок со дуелот против Литванија.

Се вчитува...