Брестовац: Можеме до победа против Бешикташ

Во вторто коло од ракометната Лига на шампионите, во воведниот натпревар на домашен терен сезонава, македонскиот вицепрвак Металург се соочува со турскиот Бешикташ. Во стартната рунда, Металург загуби на гостувањето кај Спортинг Лисабон и в недела во „Борис Трајковски“ (17.00) ќе се обиде да дојде до првите бодови.

Се подготвуваме за мечот со Бешикташ. Конечно сме комплетни и очекуваме во добар натпревар да дојдеме до победа. Мора да бидеме на ниво во текот на целиот натпревар, а не само 30 минути како што беше случај на претходните натпревари. Ќе можеме и да одмораме некои играчи и да ги имаме потоа свежи во моментите на решавање на мечот. Треба да се склопат коцките и на овој дуел, ситни повреди мачат дел од ракометарите, но тоа не е алиби. Со помош на публиката, со мотивација на терен, со добра и паметна игра во напад, мислам дека можеме да стигнеме до добар резултат“ – изјави во пресрет на натпреварот, тренерот на Металург, Данило Брестовац.

Во минатата сезона, во дуелите од групната фаза од Лигата на шампионите, Металург ги загуби двете пресметки со Бешикташ.

„Во Лигата на шампионите нема лесен дуел, бидејќи е на едно ниво погоре од СЕХА лигата. Бешикташ е искусен тим кој подолго време игра заедно. Загубија од Прешов во првото коло.  Сме играле со нив неколку пати, секогаш имало тесни натпревари, се надевам дека ако ништо друго ќе освоиме барем бод“ – вели Мартин Велковски искажувајќи ги очекувањата од дуелот.

Металург од почетокот на оваа сезона нема победа. Загуби на три дуели во СЕХА, одигра едно реми во регионалното натпреварување, а шампионската лига ја почна со поразот од Спортинг. И Бешикташ тргна со пораз во елитното натпреварување. Загуби на домашен терен од Татран Прешов.

Се вчитува...