Селекторот на македонската младинска репрезентација, Данило Брестовац, беше задоволен од настапот на своите избраници на почетокот од ЕП што се одржува во Скопје. Македонија денеска славеше над Велика Британија со убедливи 32-15, па иако ривалот беше далеку под нивото сепак радува нивото на игра што го прикажаа ракометните надежи на стартот од овој шампионат.
„Среќен сум што победивме со повисока разлика, тоа е она што го посакувавме и го остваривме. Воодушевен сум од тоа како ракометарите ја прифатија фаворитската улога и одиграа на високо ниво. Ова беше прв натпревар, го одигравме рутински, направивме многу ротации, но на крајот заслужено убедливо победивме. Се беше коректно од наша страна, очекувам на следните средби да биде уште подобри, формата да ни се крева како што ќе минува времето. Онаа одбранбена зона што јас ја преферирам, со многу преземања, со многу антиципација, денеска функционираше многу добро и очекувам во ист стил да продолжиме и на наредните дуели“ – истакна селекторот на македонските младинци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА