Брестовац: Ова е далеку од нашиот вистински капацитет

Македонската кадетска репрезентација го оствари првиот триумф на Светското првенство, ги освои првите бодови на патот кон реализација на целта, пласман во осминафиналето. Селекторот Данило Брестовац е свесен дека изданието не беше најдобро, но вели и дека сепак треба да сме задоволни со триумфот.

„Ова е далеку од нашиот вистински капацитет, имаме некоја блокада које едноставно и не можам да ја објаснам во овој момент, но победа си е победа и сега можеме да се фокусираме на следниот меч против Бахреин“ – вели Брестовац.

Се вчитува...