Брестовац: Шаблонизиран ракомет не е за против неевропски селекции

Најдобрите македонски кадети го прерпеа највисокиот пораз на Светското ракометно првнество. Тоталната нефункционалнот во нашата игра, селекторот Данило Брестовац ја објаснува со тоа што неевропските селекции се проблем за нашиот состав. Вели немаме одговор за нивната игра.

„Ниту технички, ниту тркачки не успеавме да и парираме на Јапонија. Пак доаѓа до моето мислење дека ракометот кој се игра надвор од Европа ни е проблематичен. И со Јапонија и со Нигерија и со Бахреин не може да парираме со брзина.  Ние во Македонија немаме ракомет на брзина, на техника. Немаме начин на тренинг како Данците. Почнуваме од основните работи, не можеме тркачки и технички да парираме. Имаме проблеми со техничката и брзинската подготовка. Трипати беше противникот побрз од нас. Технички, беа доведени до совршенство. Ние сме научени на европски ракомет, малку поспор, шаблонизиран. Не можевме да ги затвориме Јапонците, тоа ни беше проблем. Ние во Македонија играме шаблонизиран ракомет, децата ги учиме исто, да играат акции и комбинации, да се знае каде е блокада, каде е вишокот. Кај неевропските селекции гледам друг начин на ракомет.  Ние влеговме во мечот да победиме, ниту еднаш не зборувавме да калкулираме. Играчите ги мотивиравме, дека играме дома, дека треба да победиме. Но, преку видео-анализите гледав дека не може да ѝ парираме на Јапонија посебно со ротација“ – анализира Брестовац.

Македонската репрезентација в четврток против Португалија ќе го одигра осминафиналниот дуел.

Се вчитува...