Брестовац си замина од кормилото на Македонија

Данило Брестовац од денеска повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Македонија, по серијата слаби игри на нашиот национален тим на СП во Египет.

Брестовац ја доби довербата на РФМ по ланското ЕП во Виена, каде не успеа да обезбеди пласман во следната рунда, но очигледната стагнација во играта беше причина тој да го напушти кормилото на националниот тим.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, објави Ракометната Федерација на Македонија.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција од 2019 година, наследувајќи го на кормилото на националниот тим Раул Гонзалес.

Се вчитува...