Брестовац: Сите сакаме резултати, но мора да бидеме трпеливи

Металург запиша уште еден пораз во Лигата на шампионите и уште еден натпревар со лошо второ полувреме во кое младиот состав од Автокоманда немаше сили да му се спротивстави на Бешикташ. Искуството на Бешикташ и неискуството на Металург на крај резултираа со убедливи осум гола разлика за турскиот шампион (22-30). Иако од резултатот не може да бидат задоволни, тренерот на Металург, Данило Брестовац свесен е дека ќе му треба време и многу трпение за да ја постигне целта.

Ништо изненадувачко од Бешикташ на овој дуел. Искуството на Прибак, Доне, Толга…се покажа на најдобар можен начин. Се се чувствувам како некое мало дете што допрва вади заби, а никако да ги извади. Имавме добри моменти низ мечот, но и повеќе лоши моменти. Со младите мора да се има трпение, мора да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со 2-3 странци. Знам дека сакате резултати, но мора да бидеме трпеливи и вие и ние. Би ве замолил да не поддржете во таа наша намера, од тоа корист ќе има не само Металург, туку и репрезентацијата“ – изјави тренерот на Металург, Данило Брестовац.

Следниот натпревар во ЛШ ќе биде уште еден сериозен тест за Металург, на 30 септември против словачкиот Татрна Прешов.

Се вчитува...