Брестовац: Во пет дена играме трет натпревар, но нема алиби

Металург 40 минути одигра на ниво, но на крај сепак, остана во минус и во вториот дуел со Спортинг Лисабон (24-31). Играта на „металурзи“ во поголем дел доби позитивна оценка и од тренерот Данило Брестовац кој проблемот за поразот го лоцираше во лошата реализација, но и во згуснатиот календар во кој Металург одигра три натпревари за пет дена.

Честитки за Спортинг, посебно за Скок кој имаше одличен натпревар. Мислам дека не не надиграа. Во овие два дена добро се подготвивме за мечот. Лично, за мене Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во ЛШ. Проблемот кај нас беше реализацијата. Ние сме млада екипа, мора да бидеме и агресивни во одбраната. Во одредени моменти делувавме добро, но, сепак, пресуди таа реализација која беше на очајно ниво, посебно во второто полувреме. Ако ја бараме причината, во пет дена играме трет натпревар, но нема алиби. Од утре се враќаме на тренинзите. Четириесет и пет минути игравме меч со висок ритам и држевме контрола, сепак, имаме уште многу за работа, имаме доволно време да се подготвиме за македонското првенство“ – истакна Данило Брестовац.

Следниот натпревар во ЛШ, Металург го игра на 17 ноември кога му гостува на Бешикташ.

Се вчитува...