Брестовац: Загубивме еден „џокер“, ќе мораме да компензираме на следните мечеви

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз на премиерата на мундијалот во Скопје. Аргентина славеше со 23-20, а селекторот Данило Брестовац вели дека „некогаш работите не одат во посакуван правец“.

„Некогаш работите имаат непосакуван тек. Иако мислите дека ја имате победата, таа може да се лизне од рака. Вечерва загубивме еден „џокер“, ќе треба да компензираме во следните четири натпревари. Ќе се обидеме да ги поправиме грешките и да бидеме на повисоко ниво во останатиот дел од мундијалот“, изјави селекторот Данило Брестовац.

Се вчитува...