Брињоне доминантно до злато во велеслаломот на СП

Италијанката Федерика Брињоне стигна до златниот медал во велеслалом на Светското првенство во алпско скијање кое што се одржува во австрискиот ски-центар Солбах.

Италијанката до златото стигна со вкупно време од 2:22.71 што беше за 90 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Алис Робинсон од Нов Зеланд.

Подиумот го надополни Пола Молцан од САД со заостанување од 2.62 секунди зад времето на златната Брињоне. До крајот на Светското првенство дамите имаат уште слалом кој е закажан за во сабота.

Се вчитува...