Брињоне најбрза на супервелеслаломот во норвешки Квитфил

Италијанката и најдобра скијачка годинава Федерика Брињоне стигна до нова победа во Светскиот куп откако денеска славеше на супервелеслаломската трка која што се возеше во норвешкиот Квитфил.

Италијанката до победата стигна со време од 1:30.11 минута што беше за шест стоти делови од секундата подобро од нејзината прва ривалка сезонава и водечка во супер-џи, Швајцарката Лара Гут.

Подиумот го надополни втората Италијанка, Софија Гоџа која доцнеше девет стотинки зад времето на сонародничката Брињоне.

Се вчитува...