Големата награда на Велика Британија ќе остане во шампионатот во Мото ГП најмалку до 2028 година.
Раководството на Мото ГП потпиша договор за соработка со патеката „Силверстоун“ за следните две години.
Големата награда на Велика Британија се врати на „Силверстоун“ во 2010 година, по 24 години поминати на „Донингтон Парк“.
Трката за Големата награда на Велика Британија ќе се одржи во недела, на 9 август, и ќе биде 12. од вкупно 22 трки оваа сезона. Минатата година, најбрз на „Силверстоун“ беше актуелниот лидер во шампионатот, Марко Бецеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
