Бројките не лажат: Столе Димитриевски е вистинскиот наследник на Мамардашвили

Столе Димитриевски долго време беше отпишан во Валенсија, но ситуацијата целосно се промени со повредата на Хулен Агирезабала. Македонскиот голман конечно доби шанса, нешто што требаше да се случи и многу порано и максимално ја искористи истата, наметнувајќи се како еден од лидерите на поранешниот европски вицепрвак.

Сите во клубот се воодушевени, активирањето на клаузулата за останувањето на Македонецот во Валенсија е само прашање на време, а педантните статистичари пресметаа дека Димитриевски брани на исто ниво како и неговиот претходник Мамардашвили во неговата најдобра сезона во овој шпански клуб.

Грузискиот голман мина четири сезони во дресот на Валенсија од кои најдобра му беше 2022/23, кога Валенсија играше катастрофално, но токму Мамардашвили со серија одлични настапи беше најзаслужен што тимот не испадна од елитното друштво. Тој настапи на 37 лигашки средби и прими 41 гол, во просек примајќи гол на секои 80 минути играч.

Бидејќи Димитриевски беше резерва во првиот дел од сезоната и затоа споредба по број на вкупно примени голови е невозможна. Сепак, статистиката вели дека Димитриевски досега примил 18 гола на 15 натпревари, со одличен просек од еден примен гол на секои 75 минути игра, фантастична бројка ако се земе во предвид квалитетот на Валенсија и дефанзивниот пристап на оваа екипа. Доколку продолжи во ист ритам, Столе би можел да го достигне најдобриот ефект на Мамардашвили (еден примен гол на секои 80 минути во лигата), воедно да докаже дека е вистинскиот наследник на Мамардашвили кој заслужува да ја има улогата прв голман на Валенсија и наредната сезона.

Се вчитува...