Бројот 44 до бројот 3 – и Обама му се заблагодари на Вејд (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во видео обраќање му се заблагодари на Двејн Вејд за придонесот во американската кошарка и во спортот воопшто, му честиташе на одличната кариера.

„Знам низ што минуваш бидејќи никогаш не е лесно да се простиш од кариерата што ја сакаш. И јас бев во таква ситуација. Во мојот случај немаше избор. Колената ми беа готови, па морав да се простам од кошарката“ – се пошегува Обама.

И Обама и Вејд се од Чикаго.

„Секогаш кога беше во криза ни покажуваше како треба да се стане. Го покажа вистинскиот дух на Чикаго. Не направи горди и затоа сите ние кои ја сакаме кошарката ти честитаме на неверојатната кариера“ – рече Обама кој во два мандата беше претседател на САД.

 

Се вчитува...