Каратистот Ненад Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Келебиќ се закити со бронза откако во борбата за медал го победи Португалецот Жоаким Мендес, со 3-2 (2-2) со судиско изјаснување.
Без медал на карате турнирот во Tарагона остана нашиот прв фаворит, Емил Павлов. Тој во полуфиналето загуби од Мароканецот Абделсалам Амекнаси со 1-5, а потоа во борбата за бронзениот медал, во крајно драматичен финиш беше поразен од Турчинот Ерај Самдан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА