Фахик Весели освои бронзен медал во категоријата -60 кг за сениори на вториот ден од Балканското првенство што се одржува во Пореч, Хрватска. Фахик се закити со бронзен медал откако во првото коло го совлада Кристијан Лацковиќ од Хрватска со 2:0, во второто коло го совлада србинот Милош Радојевиќ со 3:1, додека во третото коло по претходно водство сепак на крајот изгуби од словенецот Тамсе Никлас со 3:5. Во репасажот извојува две победи, најпрво против Адел Карахасановиќ од БиХ со 6:2 а потоа и против Матија Бојиќ од Црна Гора со 4:1.
Останатите наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали. Освоени се три петти места за Александар Неделковски во кати, Јована Георгиева и Симона Симовска во борби. Едно седмо место за Сара Радичевска како и 2 деветти места за Жарко Арсовски и Ангела Мојсовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА