Брозовиќ ќе биде продаден, не заслужува да го носи дресот на Интер

Марсело Брозовиќ е жестоко критикуван во италијанската спортска јавност по новиот инцидент надвор од теренот, откако беше обелоденето дека Хрватот лудувал во една клиника во Милано, влегувајќи во конфликт со лекарите и со луѓето од обезбедувањето додека бил во друштво на еден пријател, двајца во алкохолизирана состојба.

Тој подоцна се извинил за случката, неговиот агент се обиде да ја намали тензијата негирајќи дека имало конфликт со медицинските лица, но најновиот инцидент (пред само неколку седмици беше фатен како минува на црвено светло, возејќи во алкохолизирана состојба) ја прелеа чашата кај челниците на Интер. „Нероаѕурите“ во неколку ситуации во последните две години го толерираа непрофесионалниот приватен живот на Хрватот, но според весникот „Газета дело спорт“, овојпат ќе нема прошка за Брозовиќ, кој во текот на летниот преоден рок ќе биде продаден.

„Интер не сакаше да го коментира инцидентот, но јасно е дека Брозовиќ го посрамоти клубот и дека ќе сноси последици за своето однесување. Ваков однос непоседно пред клучниот меч за второто место на табелата е јасен знак дека тој не е фокусиран на клупските приоритети. Поради тоа, Брозовиќ е ставен на трансфер-листа и Интер ќе ги разгледува сите понуди што ќе пристигнат за Хрватот“, пишува „Газета дело спорт“.

Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Јунајтед се клубовите кои покажаа интерес за Ковачиќ во последните два месеци, а Интер очекува да заработи најмалку 50 милиони евра од продажбата на овој фудбалер.

Се вчитува...