Брозовиќ направи дар-мар, па даде еврогол, Мурињо не знае што го снајде во Милано (видео)

Интер има водство од 2-0 по првото полувреме од дерби-дуелот со Рома, на кој Жозе Мурињо нема причина да биде задоволен од изданието на „волчицата“ против неговиот поранешен клуб.

Манчини промаши убава шанса со глава шутирајќи над гредата, по што казната стигна на спротивната страна, Думфрис одлично избегна офсајд-замка и потоа рутински ја смести топката во мрежата на Рома.

Најубавиот момент на полувремето сепак беше вториот гол на мечот, откако Марсело Брозовиќ влезе во шеснаесетникот, маестрално се ослободи од својот чувар, по што ја „собра пајажината“ од горниот агол од гостинскиот гол.

Се вчитува...