Брозовиќ пијан лудувал по улиците на Милано – Одземена му е возачката дозвола

Хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ остана без возачка дозвола бидејќи е фатен како вози во пијана состојба, пренесуваат италијанските медиуми.

Членот на Интер со својот Ролс-Ројс возел со голема брзина, а полицијата го стопирала бидејќи поминал на црвено. Потоа му бил направен и алкотест, по кој е утврдено дека има недозволена количина на алкохол во организмот.

Исто така се наведува дека Хрватот се враќал од делот во Милано кој е познат по лудиот ноќен живот. Се уште не е познато дали Брозовиќ ќе биде во составот на Антонио Конте во понеделник на мечот кој „нерозѕурите“ ќе го пречекаат Торино.

Се вчитува...