Бруклин доби нов сопственик за најголема продажба во историјата

Бруклин го промени сопственикот пред стартот на новата НБА сезона. Мнозинскиот удел сега ќе биде во рацете на тајванскиот бизнисмен Џозеф Тсаи кој досега имаше 49% од клубот.

Во највредната продажба во историјата на американските спортови, рускиот милјардер Михаил Прохоров своите 51% му ги продаде на Тсаи за 2,35 милијарда долари.

Претходниот рекорд го држеа Каролина пантерс и уште еден НБА клуб, Хјустон рокетс, кој беа платени за 2,2 милијарда долари.

Се вчитува...