Бруклин ги шокираше Лејкерс, Дончиќ и Далас го загубија дербито на Тексас

Најголемото изненадување на синоќешните натпревари од НБА лигата го направи Бруклин Нетс кој на гости во Стејплс Центар го совлада тимот на ЛА Лејкерс со 102-104.

Спејсер Динвиди постигна поени за предност на Нетс од 101-104 на 28 секунди до крајот, Лејкерс го имаа последниот напад, а Ентони Дејвис промаши тројка.

На Лејкерси не им помогна ниту Леброн Џејмс кој имаше ефект од 29 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Дејвис натпреварот го заврши со 26 поени и 8 скокови.

Далас во дербито на Тексас загуби од Сан Антонио со 119-109 иако Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар. „Мамузите“ во последната четвртина го добија натпреварот откако Далас имаше континуирано водство во првите три периоди.

Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 8 асистенции и 7 скокови.

НБА резултати: Индијана – Бостон 111-114, Вашингтон – Њујорк 122-115, Чикаго – Кливленд 108-103, Хјустон – Минесота 117-111, Мемфис – Орландо 115-120, Сан Антонио – Далас 119-109, Портланд – Феникс 121-105, Голден Стејт – ЛА Клиперс 107-131, ЛА Лејкерс – Бруклин 102-104.

Се вчитува...