Бруклин го потврди плеј-офот, уште само две празни места на Исток (ВИДЕО)

Бруклин по пауза од четири години обезбеди место во НБА догрувањето благодарение на победата над Индијана во гости со 108-96 со која дојде до скор од 41/40 и е на шестото место во Источната конференција. Дианџело Расел со 20 поени, Џо Херис со 19 и Керис Леверт со поен помалку беше тројката која беше клучна за победата на Бруклин.

Во Источната конференција им уште две места за плеј-офот. Во моментов ги држат Орландо и Детроит. Орландо ноќеска го победи Бостон со 116-108 и дојде до билнс 41/40 и е на седмото место, но има натпревар повеќе од конкурентите, Детроит во моментов е осмопласиран со биланс 39/41. Шарлот и Мајами се екипите кои претендираат да ги загрозат Орландо и Детроит во двата завршни натпревари од регуларниот дел од сезоната. Шарлот во директна пресметка го победи Детроит, додека Мајами загуби од Торонто по продолженија.

Лидерот на Исток и најдобар тим во лигата сезонава, Милвоки дојде до 60-та победа со лесниот успех кај Атланта од 115-107, а водечкиот на Запад, шампионот Голден Стејт веќе нема дилеми дека ќе биде лидер на конференцијата во плеј-фот. „Вориорс“ ги победија Лос Анџелес Клиперс со 131-104, а најблискиот конкурент, Денвер загуби во дуелот со Портланд со 115-108.

 

Се вчитува...