Бруклин нетс ќе го повлечат дресот на Винс Картер

НБА тимот на Бруклин нетс објави дека во текот на следната сезона ќе го повлече дресот со број 15 на Винс Картер, кошаркар кој играше во тој клуб, тогашен Њу Џерси, од 2004 до 2009 година.

Претходно овој клуб ги повлече дресовите на Бил Расел, како почитување за големината на легендата на Бостон селтикс, како и на Бак Вилијамс, Џулиус Ервинг, Бил Мелхиони, Џон Вилијамсон, Џејсон Кид и дресот со број „3“ на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ кој остави длабока трага на овој клуб.

47-годишниот Картер беше избран на НБА драфтот во 1998 година од Голден Стејт, каде никогаш не играше. Неговиот прв клуб во кариерата беше Торонто, по што се преселил во Њу Џерси. Осумкратниот Ол-стар во својата богата кариера играше за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

НБА кариерата на Картер траеше 22 години и тој е единствениот играч во историјата на НБА кој играл во четири различни децении. Заедно со Кид, додека играше за Њу Џерси, двапати го предводеше клубот до второто коло од плејофот на Источната конференција, а во текот на пет сезони во Њу Џерси, пропушти само 11 натпревари.

Се вчитува...