Бруклин жестоко се бори за плеј-оф, го победи Милвоки на негов терен (ВИДЕО)

Бруклин забележа значајна победа во битката за што подобар пласман во пресрет на НБА плеј-офот. Го победи најдобриот тим на Исток, Милвоки со 133-128 и се проби на седмата позиција во Источната конференција.

Бруклин сега има биланс 40/40 и ќе се обиде да ја задржи седмата позиција бидејќи ако биде на осмото место, уште во првото коло ќе се соочи токму со најдобриот тим во лигата сезонава. Милвоки не успеа во обидот да дојде до 60. победа. За тоа ќе има шанса на уште двата преостанати натпревара.

Во првата сезонска победа против Милвоки кај Бруклин имаше дури осуммина играчи со двоцифрен ефект. Расел беше прв стрелец со 25 поени, Карис Леверт постигна 24, Дадли 16, Херис 14.

Филаделфија за забележа 50. победа во оваа сезона триумфирајќи над Чикаго со 116-96. Кај третопласираниот тим на исток Џеј Џеј Редик беше на врвот на листата стрелци со 23 поени, Џоел Ембид имаше дабл-дабл од 20 поени и 10 скока.

 

 

 

Filadelfija je stigla do 50. pobede u sezoni, pošto je slavila u Čikagu protiv Bulsa 116:96.

 

Се вчитува...