Бруно Акраповиќ се враќа на клупата на Шкендија – се чека само промоцијата!

Босанскиот стратег Бруно Акраповиќ се враќа на клупата на Шкендија. 53-годишниот стратег и дефинитивно е изборот на раководството на Шкендија за наследник на Ернест Ѓока а се чека само неговата официјална промоција пред стартот на новата сезона.

Според нашите информации, веќе е постигнат договор за враќање на Акраповиќ на чело на тимот кој го предводеше и во сезоната 2015/2016.

Потоа босанскиот тренер ги предводеше и хрватскиот тим Сплит, како и Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија во бугарскиот шампионат. Со тимот на Локомотив Пловдив две години по ред, во 2019 и во 2020 го освои и Купот на Бугарија.

Се вчитува...