Брутална блокада: Вестбрук „од табла“ го „залепи“ Харден (видео)

Расел Вестбрук секогаш е дополнително мотивиран кога игра против најдобрите кошаркари во НБА, како што тоа е случај со вечерашниот меѓусебен дуел со Џејмс Харден.

Асот на Оклахома не само што игра одлично во нападот, туку и го имаше најдобриот дефанзивен потег во првото полувреме откако со брутална „банана“ го приземји Харден. Бекот на Хјустон тргна на положување, но беше будно следен од Вестбрук, кој со сета сили го „залепи“, и тоа со помош на таблата, за блокадата да делува уште поатрактивно.

 

Се вчитува...