Бруталниот Леброн третпат подобар од Стеф Кари, Далас по заминувањето на Дончиќ го „фрли на колена“ шампионот (ВИДЕО)

Во дуелот на двајцата можеби најдобри кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс и Стеф Кари, повторно поуспешен Леброн со победа на ЛА Лејкерси над Голден Стејт од 120-112.

Џејмс, кој на 42 години игра неверојатна кошарка, забележа уште еден „дабл-дабл“ од 42 поени, 17 скока и осум асистенции., надминувајќи го учинокот на Мајк Џордан, кој никогаш немаше такви бројки во неговите подоцнежни кошаркарски години.

Остин Ривс заврши со 23 поени, но интересно не реализираше ниту една тројка од девет обиди, додека Гејб Винсент, иако го започна натпреварот од клупата, имаше 15 поени, додека Руи Хачимура и Хејс имаа идентичен учинок со по 11 поени.

За Голден Стејт, Стеф Кари имаше неверојатна партија со 37 поени (6/20 за три поени), но тоа не беше доволно за да се совладаат Лејкерси. Кари немаше соодветна поддршка од соиграчите, па следниот кошаркар на тимот на Стив Кер постигна 14 поени, а тоа беа Бади Хилд и Муди, додека Дрејмонд Грин и Спенсер имаа по 13 поени.

Лејкерси од почетокот на мечот го диктираа темпото покажаа дека се е подготвено за големото деби на Лука Дончиќ.

Далас, пак, по заминувањето на Дончиќ на гости го победи Бостон со 127-120, со што стави крај на серијата на актуелниот шампион од четири едноподруго победи. Тимот од Тексас со тројката на Кајри Ирвинг на почетокот на четвртата четвртина стигна до максималните плус 27 поени (117:-90), а до крајот на мечот Бостон успеа само да ја намали разликата.

Ова беше натпревар на кој домашната публика во Далас го пречека и поздрави играчот кој пристигна на местото на Дончиќ, Ентони Дејвис.

Далас до победата го предводеше Клеј Томпсон со 25 поени, Спенсер Динвиди додаде 22 поени, а Наџи Маршал постигна 20 поени.

Џејлен Браун беше најефикасен кај Бостон со 25 поени и пет скока, додека Пејтон Причард постигна 21 поен, шест скока и асистенција.

Бостон е на второто место на Истокот со скор 36-16, а Далас е осми на Западот со 27 победи од 52 натпревари.

Истата вечер, новиот тим на Богдан Богдановиќ, ЛА Клиперс, беше поразен од Индијана Пејсерс со 119-112.

Тандемот на Индијана, Сијакам и Матурин беа најдобри поединци на натпреварот со 33, односно 25 поени.

Се вчитува...