Брутално ограбен претседателот на Милан

Претседателот на Милан, Паоло Скарони денеска е ограбен сред бел ден во неговиот автомобил на крајно специфичен начин.

Како што пишуваат италијанските медиуми, крадецот ја отворил задната врата од неговиот автомобил успеал да му ја украде актовката и веднаш да побегне. Возачот се обидел да го стигне крадецот, но извесна жена, веројатно соучесник, го блокирала патот и спречила крадецот да биде фатен.

Според извештаите од италијанската полиција, Скарони пријавил дека во актовката имал 10.000 евра. Нешто подоцна актовката е пронајдена но без парите а единствено се дел од документите кои ги поседувал претседателот на Милан.

Овој лош ден за Скарони е само продолжение на очајната ноќ која ја имаше по елиминацијата на Милан од Лигата на Европа.

Се вчитува...