Будимпешта ја повлече кандидатурата за ОИ 2024

Будимпешта се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година, изјави портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач.

Одлуката заедно ја донеле премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, градоначалникот на Будимпешта, Иштван Тарлос и Олимпискиот комитет на Унгарија, а таа ќе биде официјална после гласањето во парламентот.

Пред Будимпешта од кандидатурата за домаќин на ОИ 2024 се откажа и Рим, а сега во конкуренција остануваат Лос Анџелес и Париз. Меѓународниот олимписки комитет, во септември ќе одлучи кој од овие два града ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2024.

Се вчитува...