Будуќност – Олимпија втора полуфинална двојка во АБА суперкупот

Црногорскиот Будуќност и новоформираната словенечка Цедевита Олимпија закажаа меѓусебна пресметка во полуфиналето од АБА Суперкупот, откако денеска во четвртфиналето славеа над своите противници.

Вицешампионот од минатата сезона, Будуќност беше подобар од хрватската Цибона со 77-71 Црногорците подобро го отворија натпреварот и со сигурна игра на полувреме заминаа со позитива од четири поени (36-32). Во третата четвртина Цибона изненадувачки заигра одлично, а по 30 минути игра стигнаа до водство од 49-54. Будуќност успеа да се консолидира во последните десет минути и да стигне до конечна победа од 77-71.

Скот Бамфорт со 25 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај Цибона се истакна Вучиќ со 16 поени.

Во првото денешно четвртфинале Цедевита Олимпија по продолженија успеа да слави со 101-92 против ФМП. Во победничкиот табор најдобар беше Јака Блажиќ со 21 поен, а најефикасен во ФМП беше Марко Јеремиќ со 17 поени.

Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат изненадувањето Приморска, која вчера го изненади актуелниот шампион Црвена Ѕвезда и Партизан кој беше подобар од Мега Бемакс.

Се вчитува...