Буфон: Баражот има две епизоди, ние не добивме ниту една од нив

Фудбалска трагедија за Италија. Не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, откако доживеа елиминација во баражот од Шведска. По поразот од 1-0 на гости, „аѕурите“ одиграа само реми без голови на домашен терен во Милано.

Ова е можеби и најнепосакуваниот крај за легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, но тој и во овие тешки моменти е крајно реален. Италија не успеа да добие ниту една од двете епизоди против Шведска.

„Тие што играле вакви бараж мечеви, знаат колку се тешки за играње. Ние не бевме способни да го прикажеме најдоброто од себе. Не успеавме да најдеме начин да постигнеме гол. Баражот има две епизоди, и, да бидеме реални, ние не добивме ниту една од нив. Кога сите овие факти се против вас, знаете дека некаде сте погрешиле“, изјави Џанлуиџи Буфон по елиминацијата на Италија во баражот за СП во Русија.

Се вчитува...