Буфон е оптимист: Можеме да ја победиме и Шпанија

Џанлуиџи Буфон имаше причина за задоволство на својот јубилеен 1.000 натпревар во кариерата откако искусниот голман не прими гол на квалификацискиот натпревар со Албанија (2-0). Италија и Шпанија имаат максимален ефект во пресметките со останатите селекции, но „црвената фурија“ има далеку подобра гол-разлика, што значи дека „аѕурите“ ќе мораат да слават на гостувањето во Шпанија на 2 февруари (нивниот дуел во Торино заврши 1-1) доколку сакаат да стигнат до првото место во групата кое значи и мундијалска виза.

Шпанците ќе ја имаат улогата на фаворити, но Буфон е оптимист дека неговата селекција е способна да приреди изненадување на оваа средба.

Јасно е дека ние нема да бидеме фаворити во Шпанија, но тие не се непобедливи. Ако играме полни со самодоверба, како што тоа беше случај по примениот гол од Шпанците во Торино и како што игравме на ЕВРО 2016, можеме да им создадеме големи проблеми. Ваквите натпревари обично ги решава еден потег, но ние мораме да веруваме дека можеме да стигнеме до победата која би ни го донела посакуваното прво место во групата“ – истакна Буфон.

Се вчитува...