Буфон го брани Донарума: Вакви грешки се „корисни“ за развивање на еден голман

Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ беше еден од клучните за елиминацијата на тимот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Искусниот Џанлуиџи Буфон застана во одбрана на својот сонародник. Тој исто така коментираше и за евентуалниот прекршок на Бензема врз голманот на Парижаните.

„Вакви грешки се многу ‘корисни’ во развивањето на еден голман. Сигурно дека нема да влијае на неговата иднина, тој е многу силен. Со Куртоа и Нојер, тој е меѓу првите три најдобри голмани во светот“, рече Буфон и додаде:

„Фаул? Во Европа никогаш нема да го досудат тоа. Во Италија можеби, со ВАР технологијата. И јас како голман ќе бев лут. Меѓутоа ако се досудеше евентуален фаул, тогаш и Реал Мадрид ќе беше лут“, рече Буфон.

Тој напомена дека контактот на Бензема со Донарума бил „неважен“ и дека грешката нема да му ја намали вредноста.

„Не знам дали Донарума погреши што си замина од Италија, но оваа грешка нема да му ја намали вредноста. Би загубил ако прави често такви грешки. Проблемот е што Французите не почитуваат странски фудбалери, а да беше ова во Италија, ќе беше поинаку“, вели Буфон.

Се вчитува...