Буфон: И Гвардиола да ни беше селектор, успехот не е загарантиран

Италија ја очекува тежок период во кој „аѕурите“ под водство на Роберто Манчини ќе се обидат да се вратат на победнички патеки по големото разочарување откако овој гигант не успеа да се пласира на СП 2026, трет мундијал во низа што „аѕурите“ го следеа пред ТВ приемниците.

„Манчини е добар тактичар и сигурно ќе донесе чекор напред. Неговото заминување пред три години? Тоа секако остава дамка бидејќи за мене како човек лојалноста е поважна од се друго. Впрочем, јас се откажав од пари и останав да бранам за Јувентус во втората лига“, прокоментира легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Поранешниот голман смета дека проблемот на италијанскиот фудбал е исклучително длабок и не би бил решен дури и ако за селектор беше доведен Пеп Гвардиола – со кого беше преговарано летово.

„Да дојдеш Гвардиола, тоа секако ќе беше голем плус бидејќи ќе донесеше дополнителна енергија кај сите нас што сме на било кој начин поврзани со италијанскиот фудбал. Сепак, ако сме реални ќе признаеме – дури и со Пеп на клупата, успехот немаше да биде загарантиран бидејќи сите треба да работиме многу напорно за да излеземе од оваа ситуација. Еден човек не може да го најде решението“, порача Буфон.

Се вчитува...