Буфон: Можеби ќе завршам како Зидан, ќе удрам некого со глава

Џанлуиџи Буфон денес ќе го одигра својот илјадити натпревар во својата кариера, а со овој јубилеј следуваат прашања околу неговите последни денови на теренот. Репрезентацијата на Албанија ќе ја има таа чест да го „прослави“ достигнувањето на Џиџи.

„Имам уште малку време, но почнав да го замислувам последниот натпревар. Можеби ќе завршам како Зидан, ќе удрам некого со глава, но за тоа, треба да стигнам до финалето на Мундијалот“ – вели најдобриот голман на сите времиња.

Зидан е актер на една од најпознатите неспортски сцени во фудбалот, кога во финалето на СП во 2006 година го собори Матераци удирајќи го со главата во градите, при што заработи црвен картон, а Франција го загуби финалето од Италија по пенал рулетот.

Се вчитува...