Буфон најави атак на ЛШ: Останете со нас, уште не е готово

Џанлуиџи Буфон освои уште еден пехар во својата фантастична кариера, а искусниот голман потоа испрати оптимистичка порака до навивачите на Јувентус, најавувајќи атак на трофејот во ЛШ со зборовите – Уште не е готово.

„Никогаш не се навикнуваш на победи,

никогаш не се изморуваме да се заблагодариме

Затоа, благодарам на моето семејство

на моите соиграчи на тренерот и стручниот штаб

на клубот,  на овој дрес

И на сите фанови: Останете со нас затоа што – уште не готово“, напиша Буфон.

Трофејот во ЛШ е единствениот што овој извонреден голман го нема освоено во кариерата, но факт е дека за да има шанси да стигне до него Јувентус ќе мора да игра многу подобро отколку на последните натпревари во Калчо-лигата.

Се вчитува...