Буфон не е единствен: Уште една легенда го напушта Јувентус

Џанлуиџи Буфон нема да биде единствената легенда на Јувентус што летово ќе го напушти клубот откако управата на „старата дама“ реши да не му понуди нов договор ниту на Џорџо Кјелини. Овој 36-годишен фудбалер е член на Јуве уште од 2005 година, кога пристигна во редовите на гигантот од Торино од редовите на Рома (од каде претходно беше позајмуван на Ливорно и на Фиорентина).

Искусниот дефанзивец сакаше да одигра уште една сезона пред да ја заврши кариерата, но во Јуве не се убедени дека тој може да ги издржи физичките напори поради честите проблеми со повредите. Кјелини одигра вкупно 29 натпревари за Јувентус во последните две сезони, што е причина „црно-белите“ да му понудат договор само како член на управата, барајќи од него да ја заврши кариерата.

Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој експресно ја одбил ваквата понуда, па во наредниот период ќе ги разгледа сите варијанти и ќе реши во кој тим да ја мине следната сезона.

Се вчитува...