Буфон стравува од Атлетико Мадрид

Џанлуиџи Буфон пред извлекувањето на полуфиналните двојки во Лигата на шампиони, се надева дека неговиот Јувентус ќе ги избегне Атлетико Мадрид. По елиминацијата на Барселона, искусниот голман сега стравува од екипи кои главен приоритет им е одбраната, па смета дека ќе биде многу потешко да се игра со Атлетико од Мадрид, отколку со Реал.„Подобро е да се сретнеме со Реал Мадрид или Монако во полуфиналето. Тие моментално се борат за титули и во домашните првенства, па можеме да очекуваме помалку ротации во составите, а тоа значи повеќе умор кај играчите. Атлетико пак обезбеди пласман во ЛШ за следната сезона, само треба да го потврдат директниот пласман, што значи дека за следните натпревари во домашната лига ќе употребат играчи кои добиваат помалку шанси сезонава, а главните адути ќе имаат повеќе време да се подготвуваат за полуфиналето и да атакуваат кон единствениот трофеј кој можат да го освојат. Монако и Реал трошат многу енергија во нападите, а ние сме тим кој знае да се брани, тоа го докажавме против Барселона“ – изјави Буфон.

Легендaрниот голман на „старата дама“ и покрај богатата фудбалска кариера се’ уште го нема пехарот од Лигата на шампиони во колекцијата, a откако не ги искористи двете шанси во 2003 и 2015, ова ќе биде последната прилика за Буфон да стане шампион на Европа со Јуве.„Настрана резултатот, мислам дека вербата и карактерот беа на ниво, бевме максимално подготвени и мотивирани да ги победиме Барселона, верувавме и докажавме дека можеме и против најдобриот клуб во Европа, против најдобриот напад во светот. Но искрено, и покрај победата од 3-0 во Торино, не верував дека ќе поминеме на двата меча без примен гол. Тоа значи дека кој и да биде наш следен противник, треба многу да се намачи да стигне до нашиот гол“додаде Буфон.

Се вчитува...