Буфон за Модриќ: „Лука не ме импресионира…, шампионите се посебни“

Јувентус и Милан ќе се сретнат вечерва во Торино од 20:45 часот во дербито на италијанскиот фудбал, кое се игра во 3. коло од Серија А. Двата тима го дочекуваат натпреварот со шест бода, а денешниот тест за „Ла Газета дело Спорт“ го најави Џанлуиџи Буфон.

Буфон е легенда, национален симбол и икона на Јувентус, со 685 настапи во црно-белиот дрес. Неговата голема кариера започна токму против Милан кога дебитираше како 17-годишник на голот на Парма, а против Милан го одигра и своето прво финале во Лигата на шампионите.

Пензионираната голманска легенда бранеше против Милан во 47 натпревари. Победи 23 пати, одигра 14 нерешено и загуби десет од тие дербија. Прими 37 гола, а мрежата ја зачува 19 пати.

Во интервју за „Газета“, едно од прашањата на кои Буфон одговори се однесуваше и на Лука Модриќ. Буфон се пензионираше на 45 години, а Модриќ ќе го прослави својот 41-ви роденден во среда.

„Лука не ме импресионира бидејќи шампионите се посебни поради нивната волја, а не само поради нивната техника. Приказни како неговата ме прават среќен. Модриќ е Модриќ, ако се користи на вистински начин, тој сепак прави разлика“, рече Буфон.

Се вчитува...