Бугарскиот гигант ЦСКА Софија се врати на својот стадион „Бугарска армија“, кој повторно беше отворен на 31 октомври по речиси тригодишна реконструкција.
Во изградбата на овој модерен фудбалски објект се вложени околу 45 милиони евра, а новиот стадион ги исполнува највисоките стандарди на УЕФА.
ЦСКА го одбележа враќањето на својот стадион со градско дерби против Славија Софија, во рамките на 14. коло од бугарското првенство. Сепак, навивачите немаа можност да видат голови, бидејќи натпреварот заврши со резултат 0-0.
Реконструкцијата на стадионот чинеше приближно 90 милиони бугарски лева, односно околу 45 милиони евра. Капацитетот за натпревари од домашното првенство изнесува 18.540 седишта, додека за европските натпревари се очекува присуство на 16.819 гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
