Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг предупреди дека на клубот му се заканува испаѓање од Премиерлигата.
Холанѓанецот смета дека, со оглед на жестоката конкуренција во елитното ниво на англискиот фудбал, тимот на Мајкл Керик кој моментално се наоѓа во длабока криза е соочен со реална опасност од такво сценарио.
„Тоа е секако можно во Премиерлигата, бидејќи секој тим е квалитетен. Ако работите тргнат на лошо и влезете во негативна спирала, може да стане многу, многу тешко“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
