Погачар: Среќен сум што сум жив и што можам да стојам на нозе

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар во интервју за „Атлетик“ откри дека претрпел многу посериозни повреди отколку што првично се мислеше, при падот на трката низ Шпанија кон крајот на август.

Петкратниот победник на „Тур де Франс“ призна дека скршил три пршлени и дека имал среќа што останал жив.

Погачар падна за време на осмата етапа на Вуелта, a првичните медицински анализи покажаа скршеница на седмиот вратен пршлен, скршеница на клучната коска и потрес на мозокот. Сепак, дополнителните прегледи во Словенија открија уште две скршеници.

„Всушност, тоа е интересна приказна. Пред две недели бев во Словенија на дополнителен преглед. Знаев дека го скршив пршленот C7, но потоа дознав дека се скршени и пршлените T1 и T2“, изјави Погачар.

Словенечкиот ас призна дека сознанието за сериозноста на повредите целосно го шокирало.

„Во тој момент бев среќен што не настапив на Европското првенство во Словенија, што беше мојата првична цел. Кога видов дека сум скршил три пршлени, едноставно бев среќен што сум жив и што можам да стојам на нозе.“

Се вчитува...