Радески стрелаше за водство на Струга на полувреме во дербито против Вардар

Фудбалерите на Струга ТЛ имаат предност од 0-1 на полувреме против Вардар во дерби натпреварот од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во 10. минута Вардар доби пенал, но по ВАР прегледување тој беше поништен бидејќи Закариќ се наоѓаше во офсајд.

Првата шанса во мечот ја имаа гостите откако во 20. минута Исмајили ја погоди стативата на голот на Талевски. Струга стигна до водство од 0-1 со голот на Марјан Радески во 31. минута.

Во вториот меч од програмата од 14 часот Башкими и Арсими играат без голови 0-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...