Бугарија е прв ривал на Македонија на СП во училишен ракомет

По одржаниот технички состанок, во пресрет на Светското првенство во училишен ракомет, познати се термините за настап на македонските кадетски селекции. Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“.

Избраниците на Горан Кузманоски ќе отворат против Бугарија, меч кој е закажан со почеток во 10:30 часот. На 23 овој месец ќе ги одмерат силите со Грузија (8:30 часот), додека пак следниот ден во последното коло ќе играат против Република Српска. Само првопласираната репрезентација од секоја група ќе обезбеди место во полуфинлето. Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Петровец.

Нашите ракометарки ќе отворат против Белгија, меч кој се игра утре во 10:30 часот. Следниот ден ќе ги одмерат силите со Грузија, додека пак групната фаза ја затвораат против Словачка. Првите две репрезентации од четирите групи ќе се пласираат во четвртфинале. За денеска е закажано свеченото отворање на Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи на плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот. Ова е прв голем настан кој на ниво на училишен спорт се одржува во Македонија.

Се вчитува...