Бугарија ја избра Македонија, одбојкарите ги добија противниците за ЕП 2026

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство 2026 кое што ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Токму нашиот источен сосед како еден од домаќините имаше право да избере една репрезентација за свој противник, па се решија тоа да биде токму Македонија, што значи дека спартанците се најдоа во групата Б која ќе се игра во Варна.

Покрај домаќинот и актуелен светски вицешампион нашите одбојкари за противници ќе ги имаат и актуелниот европски шампион Полска, Украина, Португалија и Израел.

Првите четири репрезентации од секоја група ќе продолжат во осминафиналето. Шампионатот е закажан за периодот од 10. до 26. септември 2026 година.

Се вчитува...