Бугаринот Стефанов кој прашуваше која е таа Македонија, сега од мака ќе се фрлел гол во женска бања!

Контроверзниот претседател на бугарската Славија Софија, Венцислав Стефанов, повторно ја занимава бугарската јавност со своите интересни изјави откако пред дуелот меѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации се прашуваше „Која е таа Северна Македонија? Не се поставува прашање дека мора да ја победиме“.

Стефанов тогаш тврдеше дека Бугарија мора да победува селекции како Македонија, Грузија и Гибралтар, но од четирите меча заврши со само три бода. Па, сега Стефанов вели дека му доаѓа „гол да скокне во женска бања од мака за срамовите“.

„Епа ќе не надигруваат Македонија, Грузија, Гибралтар кога не им даваме шанса на младите фудбалери. Гибралтар не сакам ни да го споменам. Ми доаѓа да се фрлам гол во женска бања од мака за срамовите“ – вели Стефанов и дополнува:

„Но и државата е виновна за целиот бугарски спорт. Што направи, колку стадиони, тренинг-центри? Државата ништо не прави. А, Бербатов за што сака промена во федерацијата, за да седне на столчето ли? Кога ќе дојде времето тој да управува ќе има 50 години“.

Се вчитува...