Бујар Ислами е нов тренер на Велазерими

Поранешниот асистент на клупата на Ренова, Бујар Ислами е именува за нов шеф на стручниот штаб на второлигашот од Кичево, ФК Велазерими.

Ислами во Велазерими ќе го наследи Џенгис Реџепи кој се пресели како асистент во стручниот штаб на Игор Ангеловски во македонската репрезентација. Двете страни се договорија на едногодишна соработка.

„Задоволен сум што ќе го предводам Велазерими во новата сезона. Благодарам на довербата која ми ја укажаа претседателот Блерим Садику и спортскиот директор Исак Арифи. Искрено се надевам дека ќе успееме да ги реализираме нашите цели во новата сезона“ – истакна Ислами.

Тимот за новата сезона планира и серија засилувања со кои ќе се води битка за водечките две позиции на табелата во Втората лига – Запад.

Се вчитува...