Бујар Ислами и следната сезона ќе ја предводи Ренова

Бујар Ислами и следната сезона ќе ја предводи Ренова, потврдија од клубот. Тој заедно со својот стручен штаб Бехар Укалин и Енвер Рамадан потпишаа договор за продолжување на соработката со македонскиот прволигаш.

„Бујар Ислами заедно со стручниот штаб ќе биде дел од нашиот тим и следната сезона. Им посакуваме успешна соработка и многу среќа во новата сезона“, стои во соопштението од клубот. 

Досега Ренова не беше активна во потпишувањето на нови фудбалери, а од клубот си замина младинскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски кој се пресели во Унгарија. Тој потпиша договор со унгарскиот клуб МТК.

Се вчитува...